Министерството за внатрешни работи официјално го потврди пукањето во Тодоров, потврди дека станува збор за Љубчо Стојановски од с. Долно Каласлари, Велес.
Од таму сооштија дека повредени лица нема. Стојановски е приведен, а полицијата пронашла една чаура. Увидот се уште трае.
Неофицијално, напаѓачот е дедото на малата Тамара Димковска од Велес која почина чекајќи Фондот да и одобри средства за операција во странство, а решението за одобрените пари пристигна следниот ден по нејзината смрт.