Дечиња од градинки од Струмица и Ќустендил преку игра изработуваа еколошки проекти

Од:

Четириесет дечиња со нивните родители и десет претставници на воспитно-образовниот персонал од детските градинки „Детска радост“ од Струмица и „Први јуни“ од Ќустендил, Република Бугарија, учествуваа на еднодневната работилница за изработка на еколошки проекти.

Дечињата и родителите преку игра ја реализираа темата „Креативни деца: Изработка на демонстративни еко-проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија преку моделирање и игри за деца“ и при тоа изработија 16 проекти.

Целта на работилницата е развој на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата од двете градинки.

Покрај тоа тие го применува претходно стекнатото знаење за теми од областа на еколошкото образование како што се заштита на животната средина, одржливо искористување на природните ресурси, заштеда на енергија, заштеда на вода и слично преку изработка на еко-проекти со користење на интерактивен и креативен пристап, забава, хумор и игри за деца.

Проектот е финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија за периодот од 2014-2020 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри