Јавна дебата на тема: „Политичко учество на лицата со попреченост“ се одржа денеска во Куманово, во организација на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, по повод Меѓународниот ден на човекови права.
Како резултат на проектот, лицата со оштетен вид на последните избори, имаа можност првпат да гласаат самостојно, користејќи Брајово писмо.
Паралелно со ДИК, надлежните институции и граѓански организации извршија проценка и проверка на пристапноста до гласачките места. Во првиот проект „Инклузива“ анализирајќи го Североисточниот регион утврди дека 63 проценти од гласачките места се непристапни.
– Нас не иритираше што на денот на гласање, гледавме паравани за гласање на втор кат каде не може да пристапи лице во количка. Не треба сама го да ги исполниме критерумите од некој што бара да има такви паравани туку треба да создадеме услови тоа лице да стигне до гласачкото место… Друго што не иритираше е што слепите лица воопшто не гласаа, им беше 100 проценти нарушена тајноста на гласањето. Останатите видови на попреченост се воопшто неинформирани. Лицата со оштетен слух не добиваа информации со знаковен јазик, рече Благица Димитровска од „Инклузива“.