Дебата за одговорноста на судиите

Од:

Во организација на Здружението на судиите на Република Македонија и Амбасадата на САД, денеска на Правниот факултет при Универзитет Гоце Делчев – Штип, ќе се одржи научна и стручна расправа на тема „Одговорност на судиите, казнена политика и пробација во светло на реформата на правосудството“. Научната расправа е активност во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија“.

На научниот собир најавено е учество на американски и домашни практичари и експерти, кои имаат за цел да идентификуваат примери на добри практики, како и да ги дискутираат другите судски примери.

Учесниците на расправата ќе дебатираат на темите „Кривична, граѓанска и дисциплинска одговорност на судиите во контекст на слободното судското одлучување: сегашна состојба, предизвици и реформа“, „Етаблирање на соодветни механизми за заштита од надворешни и внатрешни притисоци на судиите при одлучување во контекст на Стратегијата за реформа на правосудството“ и „Реформа на казнената политика на судовите во РМ: ревизија на улогата и надлежностите на Комисијата за воедначување на казнената политика/ Нормативни и практични претпоставки во практичната примена на Законот за пробација“.

Финалните препораки од расправата, во вид на заклучоци ќе бидат земени предвид за натамошни измени и дополнувања на законските решенија предмет на оваа расправа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ