Дебата: Преиспитување на социјалната политика за новите времиња

Од:

Како во време на финансиска криза, неолиберализам и доминантни неолиберални политики да се креира социјално праведна политика, се дел од темите на кои се расправаа на денешната Панел дебата „Преиспитување на социјалната политика за новите времиња“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и Институт за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот Факултет од Скопје.

Базирањето на социјалните политика на либералните и неолибералните идеологии, како што посочија учесниците на дебата, придонесува за минимизирање на претходно вкоренетите општествени вредности, како солидарноста, хуманизмот и рамноправноста.

Неолибералната социјална идеологија обезбедув социјална заштита само на најсиромашните и намалување на државната интервенција. Ваквите пристапи придонесуваат до големи промени во социјалната политика и системот за социјална заштита кои резултираат со зголемен број на сиромашни и материјално обесправени.

Последиците најмногу ги чуствуваат токму оние што се сиромашни и немаат можност соодветно се справат, дали преку превентивни или понатаму преку мерки за заштита на популацијата. Имавме поплави на југот во Македонија каде што социјалните пакети се неопходни како еден вид на превентивна социјална политика во услови на глобален еколошки проблем, изјави Маја Геровска Митев, професор на Институтот за социјална работа и социјална политика.

Потребни се еко социјални политики за превенирање на настани кои можеби за пет до дест години ќе ја погодат Македонија.

Ова е нешто што е акуелно во поразвиените социјални држави, Македонија задоцнето го фаќа тој чекор, но сепак е добро да се знае имајки ги предвид актуелните еколошки состојби, изјави Геровска-Митев.

Би можело да ве интересира

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски

Болсонаро навреди новинарка за време на дебата: Заспиваш размислувајќи за мене

А1он

(ВИДЕО) „Можеби и стапови ќе играат“, во дебата со советници за Охрид одново ветено отстранување на базата на Усеини

Кристијан Ландов

Заврши стручна дебата за законот за јавно обвинителство