Дебата: Како да се намали дискриминацијата и стереотипноста на Ромите во медиумите

Од:

Во медиумскиот простор малку се знае за ромската популација, додека почесто се присутни стереотипите. Забележано е кршење на основните права на Ромите преку медиумите, а најчесто овие дискриминаторски односи се поприсутни на социјалните мрежи, каде говорот на омраза, стереотипот и други форми на дискриминација се се почести во последниот период.

Ова се заклучоците на Панел дискусијата „Како до намалување на дискриминацијата, стереотипноста на Ромите во медиумите, социјалните мрежи и механизам за поголема видливост на ромскиот проблем во македонските медиуми?“.

Мирјана Трпчевска, в.д. претседател на Советот на честа при ЗНМ, истакна дека ниту една претставка досега не е добиена од аспект на детектирана појава на користење на говорот на омраза или дискриминација кон ромската заедница.

Истакна дека сликата на Ромите, било позитивна или негативна, треба да биде повидлива, посочувајќи на затвореноста на општината Шуто Оризари кон медиумите.

– Не треба да исклучуме дека и останатите медиуми не пројавуваат доволен интерес за ромската заедница, од аспект на готови информации, однапред креирани настани, и мора да признаеме многу ретко сами иницираме некоја тема што се однесува на таа популација, рече Трпческа.

Сашо Богдановски од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) се осврна на тоа колку и како институциите во Македонија се справуваат со дискриминацијата и стереотипот и законските норми во врска со тоа.

Посочи дека во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, членот 48. предвидува посебни забрани, односно ограничувања на слободата на говорот меѓутоа не потојат санкции што можат да ги применат.

– Агенцијата затоа испровоцира една практика, односно во случаи кога ги утврдуваме овие прекршувања и бараме до која институција можеме понатаму да ги препратиме, дали тоа ќе биде Советот на честа при ЗНМ, дали можеби ќе биде Јавното обвинителство, и тоа е начинот на кој досега постапуваме.

Водичот за мониторинг на говор на омаза на АВМУ донесен 2014 година, го утврдува контекстот на изразувањето, кое лице е одговорно за изразувањето, дали постоела намера за провоицирање говор на омраза, што е содржината, кој бил степенот и опсегот, која била веројатноста од влијание врз публиката и нејзините идни дејствија.

Водичот на АВМУ, посочи Богдановски, кореспондира со работата на Европскиот суд за човекови права кој бара експлицитни зборови и изрази, тон на говор и околности, степен и број на повторување дискриминаторски изрази, дали говорникот можел да го предвиди своето влијание кај публиката, дали цел му била одредена малцинска група, дали намерата била јасна и недвосмислена за публиката.

Дехран Муратов, новинар од Цивил медиа, рече дека за негативните поединечни примери најчесто се генерализира целата ромска заедница, истакнувајќи ја неопходноста да се работи на менување на свеста за Ромите.

На панел дискусијата беше заклучено дека има недоволна комуникација меѓу ромските и останатите новинари со цел да се откријат проблеми и да се направат истражувачки стории, има малку ромски новинари има во мејснтрим медиумите, уредувачката политика на медиумот е многу малку фокусирана на проблемите со кои се соочува ромската етничка заедница, но исто така речиси никогаш или многу малку известува за позитивните примери и културни вредности на Ромите во централните вести или на насловните страни на печатените медиуми.

Законските норми, посочија панелистите, имаат минимално влијание за спречување на дискриминацијата и говорот на омраза во медиумскиот простор. Советот на честа при ЗНМ работат исклучиво на претставки, но не реагираат и не можат самоиницијативно со цел укажувајќи во медиумскиот простор за прекршување на одредена норма или етичкиот кодекс. Немање конзистентна комуникација меѓу граѓанските организации и општината Шуто Оризари, како и немање медиумска писменост на претставниците на ромската заедница и недостиг на ПР стратегии на невладините организации, со цел поголема видливост на проблемите.

Тие препорачуваат доследно почитување на законските норми и кодексот на новинарите, запазување на објективноста при информирање на социјални теми со фокус на Ромите, одвојување на медиумски простор за разни теми преку емисии и наслови во весниците…

Панел дискусијата е во рамки на проектот „Мобилизација на засегнатите страни за намалување на дискриминацијата на Ромите во Македонија“, реализиран од Едукативниот медиумски центар 24 Вакти.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска