Дебата „Двојба во корист на обвинетиот-виновен надвор од разумно сомневање“

Од:

Научна расправа за потребата во домашната практика повеќе да се води сметка за презумцијата на невиност и можноста за грешки и злоупотреби во заштита на поединците кои се опфатени со казнено правниот систем „Двојба во корист на обвинетиот-виновен надвор од разумно сомневање“, се одржа денеска во Скопје во организација на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија и ОБСЕ Мисијата во Скопје.

Претставникот на ОБСЕ Мисијата во Скопје Гонзало де Чезаре, на отворањето рече дека денешната дускусија е за едно од најважните процедурални аспекти во кривилното право и изрази надеж дека публикацијата ќе претставува корисна алатка на правните практичари за осигурување правичност во секојдневните пракси.

Професорот Гордан Калајџиев посочи дека модерната казнена постапка е заснована на сериозно сомневање и недоверба во можноста секогаш да се утврди вистината, како и можни злоупотреби.

– Тие се основ за гаранциите што ги имаме во модерната постапка и од тука вредносната определба на либералното казнено право, изразена преку максимата подобро десет виновни да ослободиме, отколку еден невин да страда, изјави Калајџиев.

Посочи дека тоа подразбира, од самиот почеток да не се воведе никој во постапка без тоа да има доволно докази против него, а особено не да се осуди доколку тоа не е навистина со голем степен на сигурност докажано.

– Денеска никој не може да тврди, за тоа многу се дебатира и во практиката и во теоријата, колку ние треба да сме сигурни за да ја почнеме постапката, а колку за осуда, но обично се смета дека најмалку 90 проценти на сигурност треба за некого да осудиме, рече Калајџиев.

Во рамки на научната расправа е претставено и компаративно истражување „Двојба во корист на обвинетиот-виновен надвор од разумно сомневање“.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов