Дебата „Деполитизација на Програмскиот совет на МРТ за независност на јавниот сервис“

Од:

Јавна дебата „Деполитизација на Програмскиот Совет на МРТ – предуслов за независност на јавниот сервис“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Македонскиот институт за медиуми.

– На настанот ќе биде претставена компаративната анализа во чиј фокус се програмските совети на МРТ, ХРТ и РТВ Словенија, а во која се нудат и препораки за унапредување на независноста на Програмскиот совет на МРТ, соопшти МИМ.

Најавени говорници на дебатата се претседателката на Програмскиот совет на МРТ, Снежана Клинчаровa, Бранкица Петковиќ, претставник од Програмскиот совет на РТВ Словенија, и поранешната претседателка на регулаторното тело на Хрватска и поранешна директорка и уредничка на ХРТ Мирјана Ракиќ.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Горан Наумовски

Почина Јулијана Тануровска, новинарка и одговорен уредник во МТВ

Предраг Петровиќ

Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив” која добила сомнителен тендер од МРТВ, тврди Левица

Бизнис партнери и осомничени во „Делчевски ниви” си делат тендери во МРТВ, обвинува Левица

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година