Дебар ќе добие нов современ градски пазар

Од:

Во низата проекти кои ги реализира локалната власт во Дебар со цел подобрување на условите за живот и унапредување на урбаната средина е и изградбата на новиот градски пазар.

Според раководителот на секторот на урбанизам при општина Дебар Петрит Пачуку, реализацијата на овој проект е во завршна фаза.

– Со реализацијата на овој проект Дебар ќе добие современ, покриен градски пазар, кој ќе биде според сите европски стандарди. Работите се во завршна фаза и многу набрзо се очекува пазарот, кој ќе располага со корисна површина од 4.500 квадратни метри да биде ставен во служба на граѓаните, вели Пачуку.

Покрај тезгите, пазарот ќе располага и со поголем број деловни простории (дуќани), како и паркинг простор.

Со новиот градски пазар, нагласува Пачуку, ќе стопанисува претпријатие кое ќе биде избрано согласно со законот.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари