Дебар чека одобрение за сопствени регистарски таблички

Од:

Советот  на општина Дебар на крајот на месец мај едогласно ја подржа иницијативата и Дебар да добие сопствени регистарски таблички, но и покрај доставеното барање до надлежните, суште нема одговор.

– За таа цел формиравме петчлена комисија и по остварените разговори со претставниците на соседната општина, Центар Жупа, беше доставено барање до надлежните за добивање регистарски таблички со ознака која ќе биде за двете општини. Ние бараме на табличката да стои ДБ, но до сега немаме никаков одговор, вели претседателот на Советот, Башким Машкули.

Според Машкули и Дебар треба да има сопствени регистраски таблички, зашто многу помали општини од Дебар, како што се Делчево, Вевчани… тоа веќе го имаат. Поради тоа се надева на позитивен одговор од надлежните.

Дебар е една од малкуте општини кои немаат сопствени регистарски таблички. До пред три години, на возилата од оваа и општина Центар Жупа,  стоеа регистарски таблички со ознака ОХ(Охрид) заедно со Струга, Кичево и Ресен. Од летото 2011, Дебар е со регистарски таблички СУ(Струга), но со понатамошна важност се и оние ОХ. Во општините Дебар и Центар Жупа, кои се под надлежност на полициската станица во Дебар има над четири илјади возила. 

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари