Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Од:

Постигнавме договор со Владата, ова е историска придобивка за вработените во администрацијата, рекоа денеска претставниците на репрезентативните синдикати по средбата со премиерот Христијан Мицкоски и неговиот екномкси тим. За околу 11 000 административци ќе се потпишуваат поединечни колективни договори, а предвидено е да добијат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година.

Како што истакнаа на заедничката прес-конференција претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деановски и претседателот на Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ), Благоја Ралповски, со оглед дека Општиот колективен договор во јавниот сектор е истечен, наскоро ќе треба да почнат преговорите за потпишување нов Општ колективен договор.

-По скоро 1,5 година преговори и барање на Синдикатот на УПОЗ, постигнавме договор со Владата – ќе се потпишуваат поединечни колективни договори со кои конечно вработените во управата и правосудството ќе имаат методолопгија за покачување на платите. Многу пати потенциравме во минатото, дека овие вработени остануваа некако сами, на крај, но со ова покачување на плата ќе имаме и поповолно право од она во Општиот колективен договор, како и систем до 2028 година што ќе гарантира дека ќе имаат достоинствени плати. Останува да го допрецизираме текстот на колективниот договор што мислам дека ќе биде најмал проблем и да ги потпишеме сите индивидуални колективни догововри за да може вработените да добијат повисоки плати, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деановски.

Според претседателот на Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) Благоја Ралповски, денеска неправдата е конечно исправена.

-Денеска се случува историска придобивка за вработените во админситрацијата. Ова покачување требаше да се случи лани. Се радувам дека и колегите конечно го прифатија ова како поповолно право за вработените кои секогаш остануваат најназад со платата и имаа најмали плати во јавниот сектор. Ова е историски момент, истакна Ралповски.

Тој изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски кој, како што рече, имал разбирање за овие вработените. Ралповски упати благодарност и до министрите, особено до министерката за финансии.

-Тука нема да застанеме. Ќе продолжиме со преговори зашто Општиот колективен договор во јавниот сектор е истечен. Треба да седнеме и да почнеме преговори околу потпишување нов Општ колективен договор, потенцира Ралповски.

Премиерот Мицкоски го оцени постигнатиот договор како храбар и историски чекор, но им порача на вработените во администрацијата дека од нив очекува да обезбедат подобри услови за граѓаните и бизнисот.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

ССМ ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер