Даштевски: Ќе работам стручно и професионално, по закон и Устав

Од:

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери, што се поклопи со истекот на мандатот на сега веќе, минатиот состав на Комисијата.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски, кој како прв човек на Комисијата, доаѓа на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека е добро што се се завршило навреме, бидејќи тоа е важно за добро организирање на изборниот процес и не треба да има празнина помеѓу две комисии.

За својот избор и тоа што доаѓа на предлог на опозициската партија вели дека „изборот е по предлог на партија до избирање“, а оти потоа согласно законот и Уставот ќе работи стручно и професионално.

– Самиот Закон вели дека треба да ги правиме после работите стручно и професионално, така што тука завршуваат партиската помош. Може да се каже дека сум јас најнепартиски, ниту сум член во тело на некоја партија, така што тоа е само за изборот. Веројатно верувале дека можам да сработам добро и поради тоа се одлучиле за мене, изјави Даштевски.

Даштевски негираше дека оваа функција ја добил затоа што му помогнал на поранешниот премиер Никола Гревски да добие азил и затоа што актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски исполнува ветувања кон него. На прашањето дали е сигурен во тоа тој одговори: „100 отсто“.

За тоа дали новиот состав на ДИК ќе иницира одредени измени на Изборниот законик, Даштевски изџјави дека тие не се во таква улога и оти тоа треба да го направи Собранието кое ги носи законите и оти Изборниот законик и другите закони поврзани со изборите ги договаат политичките партии.

– Доколку дојде до некој таков процес ние можеме само да помогнеме со наши совети кои ги имаат колегите од искуство и јас како поранешен член исто така, рече Даштевски.

Тој на сакаше да ги коментира процесите поврзани со пописот, ниту пак дали резултатите ќе имаат некакво влијание врз изборниот процес, велејќи дека тоа е статистичка операција и се врши на друг начин.

– Не. Пописот е друга операција која се врши на друг начин, статистичка операција, така што да речеме да е за референдум да коментирам, бидејќи ние не одлучуваме нема што да го коментираме пописот. Останува да се заврши целата постапка околу тоа па ќе видиме, рече Даштевски.

Новоизбранаите членови на ДИК на своите работни места ќе седнат в понеделник, според тоа што се договориле. Тогаш и ќе се информираат и за тоа што е започнато, што гтреба да се продолжи, а што да се преземе.

Одговоарајќи на прашање за очитувачите на отпечатоци од прсти, Даштевски рече дека не знае дали е отпочната постапката за нивно набавување, но доколку не е, бидејќи е по закон, ќе биде иницирана.

Тројца од членовите на ДИК остануваат и натаму на своите позиции – Борис Кондарко и Радица Ристеска, кои се предложени од СДСМ и Дитмире Шеху, која доаѓа на предлог од ДУИ, и е сегашен потпретседател на ДИК, како и во мандатот што завршува денеска.

Нови членови на ДИК се Даштевски, Бобан Стојановски предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Ристовски на предлог од СДСМ и Кренар Лога од Алијансата на Албанците.

Денеска им истече мандатот на сега веќе поранешниот претседател на ДИК Оливер Деркоски и Елизабета Постолоска, кои беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ, на Јанаке Витановски предложен од СДСМ и на Енвер Салихи од Беса.

Би можело да ве интересира

МВР и ДИК ќе работат на воведување отпечаток од прст во изборниот процес

Жарко Настоски

ДИК: 4.26 милиони евра предвидени за спроведување на локалните избори

Жарко Настоски

Во Собранието свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК

Ана Ололовска

Дерковски: Немам причина и потреба да бидам на функцијата повеќе, ја завршив задачата која ми беше дадена

Кристијан Ландов

Собранието едногласно го избра Даштевски за претседател на ДИК

Габриела Димковиќ-Мишевска

Утврден предлог-составот на Државната изборна комисија

Ана Ололовска