(ВИДЕО) Данев до Заев: Ја ценам подадената рака за национално помирување, но нема да гласам за уставните измени

Од:

Ја ценам вашата подадена рака за национално помирување, но како пратеник кој дал заклетва дека ќе го штити уставот немам можност ни волја да гласам за уставни измени, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на седницата на Собранието за уставните измени.

– Не сакам никој од овој процес да излезе како предавник или патриот но треба да се почитува волјата на граѓаните, референдумот не беше успешен, рече Данев.

Тој ѝ замери на владата што ова прашање одлучила да го решава сама.

– Ја прифаќаме критиката дека сме можеле за десет години ние да го решиме. Но, пред да се потпише Договорот зошто не баравте консензус? порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Тој кажа дека уште кога бил избран за пратеник бил убеден оти 120 луѓе не може да одлучуваат во име на 2 милиони граѓани.

– Какво и да е решението знаев дека тоа мора да помине на референдум, а јас како пратеник да ја почитувам волјата на граѓаните. Уставот не препознава консултативен референдум. Одлуката на ДИК за референдумот е дека не е усвоена одлуката бидејќи нема цензус, додаде Данев.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците