Данев: Катица Јанева излегува на прес конференции со измислени и фабрикувани случаи

Од:

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ во партиското седиште денеска одржа прес конференција во која што го нападна Специјалното Јавно Обвинителство за измама и фабрикување на случаи.

„Ослободувањето на Зоран Верушевски од притвор и откажувањето од предметот „Пуч“ беше јасен чекор на СЈО во насока на заштита на криминалците кои заговараа граѓанска војна, украински сценарија и крв до колена во Република Македонија.

Народот ги прочита нивните намери и се крева против редефинирањето на државата. Заев е исплашен и знае дека нема да помине реализацијата на платформата од Тирана, преку воведување двојазичност на целата територија, менувањето на банкнотите и плановите за промена на химната, грбот и знамето. Граѓаните нема да му дозволат да ја претвори Македонија од мултиетничка во бинационална држава.
Секогаш кога Заев е во паника, се активира СЈО. Затоа Катица Jанева излегува на прес конференции со измислени и фабрикувани случаи. Мислат дека така ќе го покријат срамот што и го нанесуваат на земјата.

Со секоја своја постапка СЈО потврдува дека е алатка која треба да му помогне на аболицираниот криминалец Зоран Заев во разнебитување на државата. Последниот нарачан атак од СЈО претставува и атак врз медиумите кои не се под контрола на СДСМ/Сорос. Порценката на СЈО и СДСМ/Сорос е дека на тој начин ќе ги заплашат и ќе го сокријат пазарењето со државните и национални интереси од страна на Заев.

Нема да ви помине, ниту ќе ви биде заборавено. Веќе сте прочитани. Народот се буди“ изјави Драган Данев на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако за модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, дали за скандалот Онкологија ќе биде виновна епруветата

Стоилковски: Со 40 милиони евра, наместо за лиценци, за три години ќе изградеа нова клиничка болница

ВМРО-ДПМНЕ бара да се донесе одлуката за Анкетната комисија за Онкологија

Стоилковски: 10 дена нема ништо, Онкологија ќе заврши како модуларна и Беса транс

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски станува соучесник во амнестијата за големите скандали

Панова: СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш