Данела Арсовска се сокри од медиумите, праќа само снимени изјави

Од:

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, финишот од трката за прв човек на Скопје го поминува во својот штаб и на терен, подалеку од медиумите. По објавените информации од СДСМ дека поседува бугарско државјанство и лична карта, таа веќе втор ден не излегува пред медиумите за да ги избегне новинарските прашања. Наместо тоа праќа готови, снимени изјави до медиумите, односно само она што сака да го слушне јавноста. Последните два дека пред завршувањето на изборната трка, јавноста не можеше, ниту ќе види дуел и соочување на двајцата кандидати, затоа што одбива Арсовска со образложение дека била многу навредена и бара јавно извинување од Петре Шилегов.

Ваков однос односно стратегија кон дуелите и предизборното соочување од сите функционери, досега имал само Никола Груевски кого речиси сите опоненти пред секои избори, а и општо, го повикуваа јавно да се соочи пред ТВ камерите, но тој секогаш имаше некоја причина зошто нема да прифати.

Арсовска ја снема уште вчера, еден ден по излегувањето на информацијата на СДСМ дека „поседува лична карта издадена во Петрич“. Таа следниот ден, односно вчера не се појави пред медиумите како што беше очекувано, туку прати само една промотивна изјава. Дента кога излезе информацијата за личната карта таа пред камерите демантираше дека има бугарско државјанство и лична карта, а СДСМ продолжи упорно да тврди дека ја поседува.

Она што СДСМ го покажа како документ, односно лична карта на име Даниела Арсовска при проверка на страницата на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, покажува дека е валиден документ. Истата валидност се покажува и со личната карта за која СДСМ кажа дека е на име на нејзиниот сопруг.

Арсовска речиси целата кампања беше соочена и со прашања за салата Расадник, односно дали таа ја менаџирала и оставила долг за струја од над 50.000 евра. Никогаш не беше децидна и конкретна во одговорите, односно не кажа ниту „не“ ниту „да“, туку одговараше со контробвинувања и најави за „тужба кон СДСМ за изнесените лаги“. На замерката да каже кратко „да“ или „не“ таа во една прилика одговори:

-Немојте да ми наметнувате како треба да одговарам!

Арсовска постојано викаше дека немала никаква поврзаност со салата Расадник, но во синоќешното интервју каде беше прашања за фирмата „Империал“ даде поинаков одговор.

Арсовска: „Ете така.. Мора да ви кажам, јас во овие 20 години сум била менаџер во многу претпријатија, и секаде до моментот додека сум била менаџер тие биле успешни претпријатија..“

-„Е оваа сала дел од вашето портфолио?“

Арсовска: „Да била пред 20 години, меѓутоа тие сите документи кои што се извадени и лагите кои што се искажани за да се направи целата оваа конструкција, за жал се невистина, одговори Арсовска, по што реагираа од СДСМ.

-Арсовска со денови се обидуваше да сокрие дека била менаџер на сала Расадник. Арсовска со денови го криеше и нејзиното моминско презиме Јовановска, и не го признаваше фактот дека во 2002 токму како Даниела Јовановска, директорка на фирмата „Империјал Данела“, склучила договор за закуп на салата Расадник на 25 години за „џабарлак“ – за само илјада евра месечно. Арсовска уште ги крие семејните фирми со седиште на сала Расадник, кои профитирале, додека салата Расадник се упропастувала како спортски објект.

Таа сеуште крие дека токму како Даниела Арсовска била обвинета за кражба на струја во салата Расадник, дека нејзините семејни форми имаат долгови кон Јавното претпријатие. Арсовска сеуште крие за поврзаноста на нејзините семејни фирми од сала Расадник со хотелите „Империјал“ и „Ројал“, каде што била менаџер, истакнаа од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

(ВИДЕО) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Горан Наумовски

Општина Гостивар и нуди помош на Арсовска за аплицирање за проекти за финасирање од Владата