Данела Арсовска одби соочување со Петре Шилегов и другите кандидати во А1он и Макфакс

Од:

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска одби да присуствува на дебата на Макфакс и А1он со другите кандидати за градоначалник на Град Скопје. Иако е право на секој кандидат како ќе се однесува во текот на кампањата и избор каде ќе настапува, сепак очигледно е дека Арсовска засега избегнува директно соочување со другите кандидати, посебно со актуелниот градоначалник.

Утре на дебата во студиото на Макфакс и А1он ќе се соочат кандидатите за градоначалници на Град Скопје. Сите кандидати кои беа поканети го прифатија учеството, освен Данела Арсовска, а првично прифати, а потоа откажа кандидатот поддржан од Левица.

Од тимот на Арсовска ја одбија поканата со образложение дека таа е зафатена со претходно договорени обврски во кампањата.

Би можело да ве интересира

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арсовска објави видео од британска телевизија : Македонија не смее да стане центар каде се населуваат, живеат и работат мигранти од опасни подрачја како Авганистан

Горан Наумовски

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Арсовска го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави долговите и тие што не оделе на работа, ВМРО-ДПМНЕ и одговори дека „правдата е блиску“

Катерина Ѓуровски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски