Дамовски и Илиевски излегуваат од затворот во Шутка, Чавков останува во притвор

Од:

Љубен Арнаудов, Богдан Илиевски (Бетмен Велит) и Борис Дамовски ќе излезат од притворот во затворот во Шуто Оризари, потврдија од Апелацискиот суд во Скопје. На шестмина обвинети за настаните во Собранието од 27 април минатата година, судот им ги прифатил жалбите, а мерката притвор им е заменета со куќен притвор и одземање на пасошите. Останатите тројца на кои судот ги прифатил жалбите и од затворски заминуваат во куќен притвор се Јане Ченто, Оливер Радулов и Иван Цветановски. Ваквите решенија одат во прилог на барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во неколку наврати кажа дека партијата нема да се врати во Собранието се додека не се пуштат сите од притвор.

За поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, останува мерката притвор, бидејќи судот му го одбил барањето. Пратеникот Јохан Тарчуловски останува во куќен притвор.

Обвинетите за упадот во Собранието се во притвор речиси четири месеци.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април во Собранието.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски