Дамовски е уметник, а не криминалец, рече адвокатот на обвинетиот режисер

Од:

Адвокатот на обвинетиот режисер, Борис Дамовски, Рубин Двојаков, рече дека обвинението за крвавиот четврток не кореспондира со фактичката состојба.

Во обвинението, според адвокатот, има само едно дејствие и тоа дека држел говор со наратив за татковината.

„Токму тоа дејствие е повеќе од доволна основа да биде обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, рече адвокатот.

Дамовски, како што посочи Двојаков имал креативен и творечки опус:

„Тој како личност и’ припаѓа на уметничката, а не на криминогената фела“.

Адвокатот рече дека очекува фер судење и ослободителна пресуда.

Во кривичниот суд продолжува изнесувањето на воведните зборови на адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април 2017 година во македонското Собрание.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски