Дамјановски официјално е новиот градоначалник на Куманово

Од:

Зоран Дамјановски официјално е градоначалник на општина Куманово, откако денеска претседателката на Општинската изборна комисија, Виолета Арсовска му го врачи сертификатот за освоениот мандат.

Дамјановски смета дека третиот мандат го добил како заслуга од реализираните проекти во претходните осум години.Тој им се заблагодари на граѓаните и на оние кои гласале за него и на оние кои го дале гласот за останатите опции кои учествуваа во изборниот процес и вети развојно и напредно Куманово.

– Во овој мандат ќе се реализираат проекти од општ интерес за граѓаните кои нудат економски развој на Куманово, а воедно ќе се спроведат сите оние проекти кои ги засегаат граѓаните од различни месни заедници опфатени во програмата „Моето маало“. Социјалната политика ќе продолжи со ист интензитет и во овој мандат, комуналните проблеми ќе се решаваат со цел просперитетно, развиено и европско Куманово, вели Дамјановски.

Општинската изборна комисија врачи решенија и на 33 советници во новиот општински совет.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он