Дамјановски: Градиме и покрај сите финасиски притисоци од власта

Од:

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека не ги реализира проектите што ги ветил во предизборната кампања, откако пушти во употреба две асфалтирани улици.

еализацијата на овие проекти е одговор на нашите душегрижници од ВМРО-ДПМНЕ, кои постојано не напаѓаат без аргументи и сејат магла пред граѓаните. Денеска ги промовираме проектите кои што ги завршивме, како и оние што ги започнавме и што ќе ги реализираме во наредниот период. Покрај улиците Перо Шварс, Огнен Прица и Чупино Брдо, готов е и спортскиот терен во селото Орашац на кој се монтира спортската опрема. Ќе ги отпочнеме и улиците Васко Карангелевски и АСНОМ во населбата Зелен Рид, со што ќе ги решиме сите инфраструктурни проблеми во оваа населба, како и улиците Васа Пелагиќ, Јован Поповски, ББ Гуцман, Никола Вапцаров и Романовскиот пат. Во завршна фаза е проектот на канализационата мрежа во селото Речица. Истовремено се завршува и првата фаза од затворениот базен, а со проект од Истанбул ќе започне и изградбата на аква-паркот. Се работи интензивно и ова е одговор на сите обвинувања на советниците од опозицијата дека во Општината ништо не се гради во првите 100 дена од локалната власт. И покрај сите пречки и финасиски проблеми што ги имаме од централната власт и блокирана сметка, локалната самоуправа наоѓа сретства да ги решава проблемите на граѓаните. Морам да истакнам дека Куманово трпи најголеми финасиски притисоци од сите општини во државата само затоа што градоначалникот е од опозициона партија и што ВМРО-ДПМНЕ по трет пат по ред ги изгуби изборите – рече Дамјановски, пренесе Kumanovonews.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски