Дамјановски до Ѓорѓиевски: Ајде на ТВ дуел да видиме кој лаже за цените на превозот на ученици

Од:

Денеска сум предизвикан да дадам одговор на обвинувањата кои вчера пратеникот од Куманово, Зоран Ѓорѓиевски ги упати кон Општината Куманово, односно лично кон мене. Пратеникот изнесе невистини и лаги во еден очаен обид да ги оправда владеењето на партијата на која припаѓа и сметам дека неговата изјава е во една принудна форма, и на самиот не му беше јасно што изнесува.

Тој претстави едни импровизирани бројки во кои обвини дека Куманово ги вози учениците за 2700 денари километар, 651 пат поскапо од било кој превоз, а особено од превозот од општината во која се врши истрага од специјалното јавно обвинителство за аферата Транспортер. Дали тоа случајно се совпаѓа со денот кога беше изведен на испитување градоначалникот за кој ми е жал или не, јас бев нападнат како градоначалник и самата локална самоуправа и затоа сум должен за јавноста да ги дадам следниве објаснувања.

Почитуван пратеник, жал ми е што сте во ваква состојба, дали е тоа резултат на вашето незнаење и непознавање на
проблемот или сте приморани да читате онаа во кое ни сами не верувате. Изнесовте едни бројки кои незнам од каде потекнуваат. Меѓутоа одговорно тврдам дека тоа што го изнесовте е една тотална невистина и лага. Имено, за 2015-2016г., просечна цена по килиметар е 5,1 денар. За 2014/2015г. просечна цена е 4,3 денари, 2013/2014 г, 4,7 денари. Значи зборувам за организиран превоз на ученици по број, зависно од година: 2014г. – 5881 ученик, 2015г. – 5700 ученици, 2016 година -5500 ученици.

Бројката на ученици ја добиваме врз основа на списокот кој го достававуваат вкупно 22 училишта. Зборуваме дека учениците во училишен превоз користат од 4 км 50 денари дневна карта за која бев обвинет дека не е законски. Ние според закон имаме и одговорност и право да организираме вон училишни активности, од таа причина дневна карта на сите ученици во работните денови е 50 денари, фактурирана за 180 учебни дена во годината. Одговорно тврдам пред јавноста дека никогаш во општината не сме добиле фактура за ниеден ден што не е работен и не сме добиле фактура за 36 дена во месецот како што е случајот во општините со кои менаџираат претставниците од партијата на која припаѓа и господинот Зоран Ѓорѓиевски.

Почитуван пратеник, Ве замолувам да излеземе пред јавност на која било телевизија, да објасите на граѓаните како сте дојдени до тоа да 651 пат е поскап превозот и како сте дошле до овие бројки, бидејќи со тоа нанесовте огромна штета на авторитетот на општината, а пред се на мојот личен авторитет.

Јас сакам да ве потсетам, благодарение на вашата партија на власт во изминатите три години имаме неколку државни ревизии за сите постапки кои се направени не само за превоз на ученици, а во момент финансиската инспекција ги има земено сите документи во врска со превоз на ученици. Затоа немате потреба хистерично да ги повикувате институциите кои се во ваши раце и суверено владеете десет години со правда својствена само на ваш начин. Уште еднаш повторувам, ајде охрабри се, одважи се, излези со мене на дуел на која сакате телевизија, да објасните која е таа бројка со која манипулирате. Одговорно тврдам дека такви бројки какви што се изнесени нема и горд сум што менаџирам со оваа општина, рече на прес конференција градоначалникот на Куманово.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски