Дали Заев со двотретинското мнозинство сака да избере и претседател на државата?

Од:

По најавите на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев дека стои отворена можноста за бојкотирање на претседателските избори со што се доведува во прашање потребниот цензус од 40 отсто, владејачкото мнозинство сериозно размислува за промена на начинот на избор на претседател на Република Македонија.

Двотретинското мнозинство кое го има премиерот Зоран Заев овозможува преку нови измени во Уставот на РМ, изборот за претседател од непосреден на избори да стане посреден односно да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието.

Во овој случај, целата процедура би траела стотина дена,а додека не биде избран нов, претседател на државата и врховен командат ќе биде актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Движењето Беса во октомври минатата година излезе со предлогот претседателот да нема право на вето по второ гласање на закон или друг акт во Собранието. Ова барање на албанската партија отвори дилема во јавноста дека намерите се токму тие, претседателот на државата да се избира во Собранието на РМ.

Овој начин на избор на претседател не е непознат, веќе еднаш е применет во политичката пракса. Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, својот прв мандат го доби во Собранието откако беше изгласан со 80 гласа со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и ПДП.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма