Дали уште еден тендер од 50 илјади евра ќе заврши кај ИПИС на Владимир Божиновски?

Од:

Министерството за здравство повторно распиша оглас на Бирото за јавни набавки за мерење на задоволството на пациентите и евалуација на квалитетот на здравствените услуги. Проценета вредност на тендерот е 2.900.000 денари или 47.540 евра. Ова е трета година по ред како министерството го „мери“ задоволството на граѓаните од Јавните здравствени установи, и тоа редовно преку Интитутот за политички истражувања-ИПИС.

Интересен е фактот што комплетните информации од досегашните истражувања не се достапни за јавноста, иако според Законот за јавни набавки граѓаните треба да имаат пристап до набавките кои се вршат за државните институции, освен доколку набавката е класифицирана како државна тајна што не е случај со овие огласи на министерството.

Од минатогодишното испитување познати се информациите за тоа кој го добил тендерот на министерството за мерење на задоволството на пациентите, но резултатите од истражувањето не се достапни за јавноста, додека пак резултатите од испитувањето направено во 2015 година се достапни.

Одговор за тоа каде може да се најдат истражувањата на институтот ИПИС побаравме лично од Владимир Божиновски како и од Министерството за здравство, но никој не одговори на нашите повици. А1он се обиде да го контактира и здружението ИПИС кое ги врши истражувањата но нема контакт телефон.

Техничките спецификации на овогодинешниот тендер се идентични со спецификациите на минатогодишниот кој го доби Здружението на граѓани „Институт за политички истражувања Скопје“. Како координатор на центарот за истражување на јавното мислење на ИПИС фигурира Владимир Божиновски, политички аналитичар кој редовно во јавноста ги брани и поддржува одлуките и активностите на ВМРО-ДПМНЕ.

Барањата за мерење на задоволството на пациентите 3 години се врши на идентичен начин, теренски истражувања во јавните здравствени установи на најмалку 16.000 испитаници, евалуација на квалитетот на услугите со методот „таен пациент“ со минимум 1600 посети, спроведување на 20 фокус групи со пациенти, анализа на „Мој термин“ преку теренски истражувања со најмалку 16.000 испитаници како и изработка на прашалници за истражувањата во координација со Министерството за здравство.

Останува прашањето каква корист имаат граѓаните од ваквото трошење на речиси 3 милиони денари годишно, дали овие пари служат за исправање на и онака лошата ситуација во државните здравствени установи или пак служат за финансирање на активистите кои стојат во одбрана на ДПМНЕ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

Орце Костов

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава