Дали ќе остане забраната за емитување на македонска, српска и хрватска музика?

Од:

Вчера, Здружението за заштита на авторски и музички права (ЗАМП) им забрани на македонските телевизии и радија, од вечерва на полноќ, да пуштаат македонска, српска и хрватска музика.

ЗАМП ги известило електронските медиуми, дека доколку вечерва по полноќ продолжат да пуштаат македонска и музика од балканските држави, кривично ќе одговараат.

– Испратено е отворено писмо потпишано од претседателот на Собранието на ЗАМП. Забраната која беше најавувана изминатиот период е ставена во сила од вечерва на полноќ. Доколку бидат повлечени штетните одредби од Законот подготвени сме да ја укинеме забраната, а воедно и да продолжиме да ги штитиме правата на своите 5.766 штитеници, како и правата на авторските друштва од регионот СОКОЈ и ХДС ЗАМП и на 98 земји од светот со повеќе од пет милиони автори, велат од ЗАМП.

Но, претпладнево Зоран Васковски, директорот на ЗАМП е повикан во Министерството за култура, веројатно, во последен обид да се премисли за оваа одлука.

Министерката Елизабета Канческа-Милевска досега не успеа да го разреши овој спор со авторите.

– Бесмислено е да се дебатира на веќе донесен закон, во постапка која ги исклучи авторите, изведувачите и продуцентите. Авторите немаат икаков проблем со корисниците на авторските права и делата од сродни права, но имаат многу цврсти аргументи против измените во Законот за авторски права, затоа што тие се противуставни и се во спротивност со меѓународните конвенции на кои е потписник и Македонија. Творците бараа европска регулатива во тој закон , во која нема да бидат лимитирани нивните права – преку своите здруженија да имаат можност да се договорат за условите за користење на својот интелектуален труд, велат претставници на ЗАМП, ММИ, ШПАТО, КОМИП

Вчерашната забрана за емитување музика е резултат од неуспешните преговори меѓу авторските здруженија, кога владата во август годинава, по скратена постапка го измени и дополни членот 137 од Законот за авторско право и сродни права, во корист на електронските медиуми. На ова не се согласија авторите кои веќе неколку месеци се убедуваат со предлагачот Министерство за култура да се врати законот по старо. По неколку неуспешни состаноци, ЗАМП, сепак, реши да ја спроведе забраната.

Поддршка на ЗАМП му дадоа и Здруженијата за заштита на авторски права од Србија и од Хрватска, што значи дека покрај македонска музика од вечерва на полноќ повеќе нема да се слуша ниту српска ниту хрватска музика.

Спорно во Законот е што досега електронските медиуми на име авторски права уплаќаа процент од приходот, согласно форматите добиени од Агенција за аудио и визуелни услуги. По измените од август износот е ограничен на 18 просечни плати на државно ниво, 12 просечни плати на регионално и на локално 6 плати. Така, Македонската радио телевизија која има шест канали со измените треба да плаќа 360.000 денари, а досега износот се движел меѓу пет и девет милиони денари. Тоа за авторите е поразително и нема да попуштат во своите барања.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време