Дали Груевски ќе прифати ТВ дуел со Заев?

Од:

Никола Груевски доби нов повик за ТВ дуел, сега од новиот претседател на СДСМ Зоран Заев.За седум години, колку што е на власт понудите за телевизиско соочување за спротиставување на ставовите, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги одбиваше.Одговор на предизвикот и фрлената ракавица од Заев сеуште нема.

Никола Груевски избегнува соочување уште од 2006-та кога и дојде на власт. Досега јавноста не била сведок на директен тв дуел на преставниците на најголемите македонски партии откако тој ја предводи ВМРО-ДПМНЕ од 2003-та.
Покана за соочување доби на предвремените парламентарни избори во 2008, кога претседател на СДСМ беше Радмила Шеќеринска.Тогаш преку видео спот непосредно пред изборите, Шеќеринска побара ТВ дуел, а на Груевски му порача да не бега од женска сукња.

Откако Груевски не прифати фактите да се соочат директно пред јавноста и не излезе на мегдан со Шеќеринска, стигна нова понуда од старо новиот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски кој ја презема диригентската палка и стана шеф на партијата повторно.Никола Груевски доби нова покана за ТВ дуел и можност да одбере телевизија и новинар кој би го водел соочувањето.СДСМ тогаш посочи дека со директен дуел вистината ќе излезе на виделина, и за приватизацијата од деведесетите ни и за актуелното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен од СДСМ повик за телевизиско соочување дојде и Љубе Бошкоски како претседател на партијата Обединати за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи. На низата понуди е и онаа од Љубчо Георгиевски екс лидер и еден од оснавачите на партијата која Груевски сега ја води.

lube-ljupco

Меѓу понудите до Никола Груевски е и онаа од чичко Кирил од беровското село Будинарци во 2011 непсредно пред предвремените парламентарни избори. Соочувајќи се со проблеми со пензијата побара средба со премиерот оти имал многу што да му каже.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Францускиот премиер поднесе оставка