Дали балдазата на Мијалков ќе оди кај сопругот во Стразбур повторно ќе одлучува Управен

Од:

Врховниот суд ѝ ја уважи жалбата на врховната судијка Емилија Илиевска, сестра на сопругата на Сашо Мијалков, ексдиректорот на тајната полиција и го укина решението на Управиот суд, со кое не ѝ беше прифатено барањето да ѝ мирува судиската функција за да биде со нејзиниот сопруг во Судот во Стразур.

Илиевска првин побарала од Судскиот совет да ѝ мирува судиската функција, за да оди кај нејзиниот сопруг Јован Илиевски кој е судија во Европскиот суд за човекови права. Судскиот совет ја одбил, па Илиевска поднела жалба до Управниот суд, кој ја потврдил одлуката на Судскиот совет. Сепак, тројца врховни судии го укинале решението на Управниот суд и предметот го вратиле на повторно одлучување.

Според образложението на Управниот суд, во случајот се раководеле по Законот за судовите и со оглед дека барателката – Емилија Илиевска не била именувана или избрана за судија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, туку нејзиниот сопруг, судот прифатил дека правилно одлучил Судскиот совет кога го одбил барањето за мирување на судската функција судија во Врховниот суд како неосновано, од причина што не може да се примени одредбата од Законот за работни односи.

Врховните судии оцениле дека одлуката на Упрвавниот суд е неподобна за испитување од аспект на нејзината законитост. Во согласност со Законот за работните односи, на работникот чиј брачен другар е упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка соработка просветно – културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни претставништва, на стручно усовршување или образованието со согласност и за потребите на работодавачот), на негово барање, му мирува работниот однос и има право во рок од 15 дена од денот на престанување на работата на неговиот брачен другар во странство да се врати на работа кај работодавачот за вршење кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка.

Напредувањето на Илиевска од судија на основниот суд, преку судија на Управниот суд, па од таму во Врховниот суд е во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ. Сопругот на судијката Илиевска, Јован, беше главен обвинител на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и заменик на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Илиевска суди во Одделите за граѓански дела и за судење во разумен рок.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Стразбур во февруари ќе соопшти дали важат помилувањата од експретседателот Ѓорѓе Иванов

Кристијан Ландов

Стразбур ќе ја тужи француската држава за нејзиниот „неуспех“ да ги згрижи луѓето кои се на улица

А1он

Комшиите од Градски ѕид ќе тужат во Стразбур ако се изградат кулите на паркингот кај „Холидеј ин“

Жарко Настоски