„Излегувајќи од училишната зграда каде што Јашари бил на вакцинација од сипаници, видел дека непознати и маскирани напаѓачи го тепаат неговиот соученик Дарко. Веднаш пристапил да му помогне и да го одбрани. Но и тој бил нападнат од насилниците од кои добил смртни удари“, ова е само извадок од дневните весници во држава од пред една година.
Поттикнати од херојството на младиот Јашари кој загина спасувајќи во својот другар Дарко на социјалните мрежи се појави иницијатива која доживеа бројни споделувања.