Да не се патува во Израел, Либан и Иран повика Министерството за надворешни

Од:

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.

– Амбасадата во Тел Авив веќе стапи во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на нашата земја. Имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум. Потсетуваме на СОС дежурните телефони на Министерството +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, која е целосно екипирана и ставена на располагање за нашите граѓани. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел, Иран и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување, се вели во соопште нието од МНР.

Би можело да ве интересира

Израелските сили убија Палестинци во окупираниот Западен Брег

Ракетните напади на Иран врз Израел, оштетена е рафинеријата во Хаифа

ВИДЕО: Трамп тврди дека не знаел за нападот на гасното поле во Иран, Израел го демантира

Израел: Убивме ирански министер

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило