Општина Илинден денеска и утре организира хуманитарна акција за собирање зимска облека и обувки „Да ја покажеме хуманоста на дело“.
Акцијата ќе се спроведува на 12 пункта во сите населени места во општина Илинден од 8 до 20 часот.
Помошта е наменета за семејствата соочени со социјален ризик.