Под контрола се пожарите во „Вардариште“, на Кожуф, во „Јасен“ и кај Никуштак

Од:

Денеска до 21 часот, на територијата на Македонија има вкупно 17 пожари на отворен простор од кои нема активни, четири сe под контрола и изгаснати се 13 пожари.

ПОД КОНТРОЛА:

1. Општина Гази Баба: Депонија Вардариште (ѓубре);
2. Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар);
3. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума);
4. Општина Липково: с.Никуштак (мешана шума).

ИЗГАСНАТИ:

1. Општина Студеничани: с.Драчевица (сува трева);
2. Општина Арачиново: с.Грушино (сува трева и жито);
3. Општина Сарај: с.Кондово (мешана шума);
4. Општина Долнени: с.Црнилиште и с.Долгаец (нискостеблеста вегетација);
5. Општина Струмица: с.Муртино (сува трева);
6. Општина Струга: с.Ливада – с.Корошишта (стрниште);
7. Општина Струга: во близина на Бензинска пумпа Камара (сува трева);
8. Општина Велес: Раштански пат (ѓубре);
9. Општина Делчево: Депонија (ѓубре);
10. Општина Куманово: с.Проевце (ѓубре);
11. Општина Липково: с.Матејче (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ѓубре);
12. Општина Тетово: Градски гробишта (ѓубре);
13. Општина Гостивар: с.Балиндол, кај Муслимански гробишта (сува трева).

Би можело да ве интересира

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

По повеќечасовна потрага, пронајден планинарот кој исчезна во Мариово

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина