ЦУК: Изгаснати 23 пожари на отворено, тимови на ЕВН интервенираа во 12 општини

Од:

Пожарникарите вчера изгаснале 23 пожари, а тимовите на ЕВН интервенирале во 12 општини каде што заради локално невреме проследено со силен ветер имало повеќе дефекти и прекини на доводот на електрична енергија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Пожари на отворено, вчера имаше вкупно 23 и противпожарните тимови сите ги изгаснале, според информациите од Секторот за операции и координација во ЦУК. Изгаснатите 23 пожари, при што горела, мешана и нискостеблеста шума, сува трева, а на места и отпадоци) настанале во сите делови на државата во општините: Долнени, Новаци, Илинден, Студеничани, Сарај, Могила, Прилеп, Струга, Кичево, Штип, Куманово Боговиње, Општина Гостивар и на територијата на Град Скопје, посочуваат од ЦУК.

Оттаму наведуваат дека како спротивност на пожарите вчера биле локалните врнежите во делови на државата, проследени и со посилен ветер, па имало на многу места, во Штипско, Кривопаланечко, Кратовско и други места во Североисточниот дел на државата имало паднати дрвја и прекини на електричната енергија.

-Практично, во комбинација со пожарите и силните локални поројни дождови со посилен ветер придонесоа на многу места вчера да има прекин на доводот на електрична енергија, а некаде и утрово немаше, па екипите на ЕВН имаа полни раце работа и се уше се на терен согласно пријавите за дефекти. Такви итни случаи имало во градот Кратово и во повеќе села и населени места во вкупно 12 општини. Екипите на ЕВН се терен за да бидат отстранети дефектите, согласно можностите и условите, соопштуваат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК

Вработен во „ЕВН“ почина при извршување на работни задачи, телото е на обдукција

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни