ЦУК: Исчезнатите државјани на Полска кои се изгубија на Водно се пронајдени и се на безбедно

Од:

Благодарение на брзата интервенција и координација на тимовите на Црвениот крст и на Дирекцијата за заштита и спасување, две лица беа експресно пронајдени на падините на Водно и веднаш безбедно транспортирани во градот Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи денеска беше пријавено исчезнување на машко лице, полски државјанин, на падините на планината Водно.

Веднаш по добивањето на пријавата, дежурниот оперативен центар на ЦУК ги известил надлежните институции. Министерството за внатрешни работи е мобилизирано за формирање специјален тим за пребарување, во акцијата се вклучени и екипи од Црвениот крст.

Дополнително, како што информираат од ЦУК,на терен веќе се упати и тим за заштита и спасување од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Би можело да ве интересира

Аферата Епстин добива нов пресврт: Полска ги истражува врските со Москва

Најмалку 38 лица починаа од хипотермија во Полска

Песков: Полска и балтичките земји ја демонизираат Русија, а тоа е голема грешка

Масовен хакерски напад врз Полска, државата беше на чекор кон целосно затемнување

Горан Наумовски

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава