ЦУК: Гори во Чашка, Блаце, Бешиште, Николиќ, Самоков, Локвица…

Од:

Центарот за управување со кризи извести дека до 12 часот, регистрирани се 16 пожари. Од нив активни се осум, под контрола се пет, а три пожари се изгаснати.

Активни пожари има во:
1. Чучер Сандево – помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума (шумски пожар)
2. Прилеп – с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид (приземен во мешана шума)
3. Македонски Брод 1 – помеѓу с.Црешнево и с.Локвица (дабова шума и грмушки)
4. Македонски Брод 2 – с.Рамне – с.Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)
5. Македонски Брод 3 – с.Слатина (мешана шума)
6. Чашка – под Солунска глава, Изворите на Бабуна – Бабина дупка (само чад, шумски пожар)
7. Дојран – с.Николич (нискостеблеста шума)
8. Крива Паланка – с.Градец (шума и сува трева)

Под контрола се пожарите во:
1. Ѓорче Петров – с.Орман (ниска вегетација и дрво)
2. Гази Баба – Смилковско Езеро (ниска вегетација)
3. Шуто Оризари – депонија
4. Кочани – Јастебник и Полаки, м.в.Бабиште (шума и сува трева)
5. Делчево – градска депонија Острец

Изгаснати се пожарите во:
1. Делчево – м.в.Брежјето (грмушки и сува трева)
2. Желино – с.Ларце – с.Горна Лешница (мешана шума)
3. Куманово – нас.Средорек (ѓубре и сува трева)

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски