ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни

Од:

Вкупно 11 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот од кои три се активни, а осум се изгаснати. Активни пожари има во село Бело Поле, Општина Долнени каде гори ниска вегетација; село Браилово во истата општина каде гори ниска вегетација; и село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде исто така гори ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Изгаснат е и пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде гореше борова шума и во чие гаснење беа упротебени трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштата и спасување.

Покрај тоа, изгаснати се и пожарите во село Бањица Општина Чашка (ниска вегетација), Општина Струга село Биџево (ниска вегетација), Општина Врапчиште село Сенокос (ниска вегетација), Општина Делчево (депонија), Општина Новаци: кај езерото Букри (шумски пожар), Општина Арачиново село Брњарци (ниска вегетација, борови дрвја) и Општина Ѓорче Петров населба Волково (ниска вегетација, борови дрвја и грмушки)

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

Бројот 112 да не се користи како информации и за секојдневни проблеми, повикуваат од ЦУК

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари