Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, денеска, по повод празникот Свети Сава упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, припадници на српската заедница, во која се вели:
Дозволете ми да ја искористам оваа прилика, од мое лично име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на сите припадници на српската заедница во Република Македонија да Ви упатам најискрени честитки за големиот православен празник Свети Сава со желби за добро здравје, радост и благосостојба.
Славењето на овој голем српски празник претставува голем чекор напред кон промовирањето на мултикултурализмот и меѓусебното разбирање во Република Македонија. Со тоа, на нашите деца да им ја оставиме традицијата на негување на меѓусебните односи и почитување на различните културни особености како универзална стратешка цел и определба на нашето општество.
Ја користам оваа прилика уште еднаш да ги повторам своите заложби за мир, меѓусебно разбирање и благосостојба на сите граѓани на Република Македонија.