Црвенковски: СДСМ не фрлаше пари за реклами

Од:

Продолжи „Работното лето“ на СДСМ. Бранко Црвенковски од Крушево порача дека во нивно време се инвестирало во енергетската и сообраќајната инфраструктура и оти со таа политика ќе продолжат и по преземањето на централната и локалната власт.

„Во 2005 година, значи повторно во времето на СДСМ, се направи целосна реконструкција на нисконапонската мрежа во Општина Крушево, се изградија шест нови трафостаници и се сменија сите дрвени со бетонски бандери, што значи, точно е, во наше време не се фрлаа пари за реклами, во наше време не с еградеа споменици и паркови фонтани. Во наше време, се инвестираше во инфраструктурата “, рече лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Во рамки на „Работното лето“ утре вечер СДСМ во Крушево ќе одржи протестен митинг под мотото „Крени глас за иднината” на кој ќе го промовира кандидатот за градоначалник Ташули Јуца.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија