(ВИДЕО)Црвенковски: Сакам да опстане коалицијата Груевски и Ахмети за да бидат казнети

Од:

„Ова што го гледаме овие денови, го гледаме по десетти пат во реалициите помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ во изминативе години. Се изнаслушавме во разни ситуации жестоки критики, меѓусебни условувања и уценувања, за да на крајот секогаш се случи еден евтин политички пазар меѓу двете партии во власта и сето тоа да заврши со една топла братска коалициона прегратка.Не мислам дека и овој пат се работи за искрена конфронтација. Мислам дека повеќе треба да очекуваме дека ќе се случи репризно повторување на она што до сега беше видено“, вака лидерот на СДСМ ги коментира најновите случувања на релацијата Груевски-Ахмети.

„Што се однесува до нас, до СДСМ, ние посакуваме оваа коалиција помеѓу ВМРО –ДПМНЕ и ДУИ да опстои и овие две партии заедно да ја поделат одговорноста и да ја дочекаат казната што ќе им ја испорачаат граѓаните на следните избори, за погрешните политики што ги водеа и за катастрофалните последици што ги предизвикаа“, рече Црвенковски.

Според Црвенковски првиот и најбрзиот можен момент за одржување на предвремени парламентарни избори е заедно со локалните избори во март месец. Се друго, вели е глупост. Глупост е, изјави, во оваа земја да се одржуваат избори во период од само два месеци, да речеме некои во ноември или декември, а другите во март. За предвремени парламентарни избори во март заедно со локалните избори има доволно време и да се донесат неопходните измени во законската регулатива и да се провери избирачкиот список. Ако навистина постои искрена определба за такво нешто, во март, вели лидерот на СДСМ, ќе се видиме и на предвремени парламентарни избори.

СДСМ бара препораките на ОБСЕ и ОДИХРда станат составен дел од изборниот закон, избирачкиот список да се прочисти.

Изјавата, Црвенковски ја даде по средбата Црвенковски со заменик помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер .

Црвенковски на Рикер му соопштил дека економско- социјалната состојба во Република Македонија е исклучително тешка и за жал тенденциите се да стане уште покатастрофална.

„Што се однесува до демократијата во одредени клучни области имаме сериозно уназадување во овој период. Дека за жал не можеме да препознаеме, да видиме било каков заокружен план кај актуелната власт, како таа мисли да ги деблокира евроатланските интеграции. И она што е можеби актуелно и во овој период, а тоа е дека двата клучни владини коалициони партнери многу често, како и во овој период сега ги употребуваат, да не речам злоупотребуваат одредени прашања поврзани со меѓуетничката сфера на еден начин кој што е дневно политички, за ситни политички поени, меѓутоа забораваат или не се свесни дека предизвикуваат сериозно нарушување на меѓуетничките односи, на меѓуетничката толеранција и доверба.Наше мислење е дека тоа не смее да се дозволи, дека тоа е неодговорно однесување“, изјави Црвенковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја претвора М-НАВ во партиска филијала, партизацијата пред избори е во ек

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС се очајни, немаат кандидат за Скопје, молат луѓе да се кандидираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“ под клуч

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира дека речиси ништо не е спроведено

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ