Црвенковски: Ресен е запустен, власта не направи ништо

Од:

„Работното лето” на СДСМ продолжи во Ресен.

Прес конференцијата лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски ја одржа во Ресен, пред спортската сала, која е изградена во време на Социјалдемократскиот сојуз, во салата каде се создадоа и македонските ракометни шампиони, кои што постигнаа одлични резултати на меѓународен план и ја афирмираа нашата земја ширум Европа.

„Секој човек, не само граѓанин на оваа општина, туку и оној што поминува низ Ресен, може да се увери во каква запустена состојба се наоѓаат и локалните и регионалните патишта. Во каква, исто така запустена состојба се наоѓа и каналската мрежа за наводнување.Од ветените вложувања во дистрибутивен центар за откуп на јаболка, како што гледаме нема ништо. И тоа е најдобар показател какво е расположението меѓу граѓаните на општина Ресен, имајќи во предвид дека тука, на овие локални избори ќе одиме со извонредно кадровско решение, со др. Јордан Проевски кој што е добро познат меѓу граѓаните на оваа општина, со свој минат труд, со своја биографија, и на човечки и на работен план“, рече Црвенковски.

СДСМ рече во Ресен оди на сигурна победа.

Битола , рече Црвенковки е еден од поголемите градови и сакаат да биде подоцна со промовирањето на кандидатот за градоначалник и што поблиску до големиот митинг во Скопје.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус