Од оваа власт не може ништо арно да очекуваме бидејки оваа власт тепаше жени, ги влечеше по патос, исфрлаше новинари, рече пред битолчани, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски,
Праша „која вистина со експертска група сака да ја утврдува наводно независниот претседател Ѓорѓе Иванов“?
Црвенковски праша дали она што го видовме беше вистина или беше фатаморгана?
Дали беше вистина, рече Црвенковски, дека пратениците беа исфрлени како кучиња или за рака фатени?
„За вистината не се гласа, со неа треба да се соочите, со оваа власт Македонија е партиско полициска држава“, рече тој.
„Оваа Македонија со тие луѓе нема иднина. Ова е историско прашање каква држава сакаме, ова е време само кога народот може да одлучи кој пат ќе го фати. Македонија бара предвремени избори, историски избори за победничка Македонија“, рече тој.