Во Александар Палас тукушто започна средбата на партиските делегации на СДСМ и на ВМРО-НП.
На зедничка маса седнаа некогашните лути противници Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски. Договараат заеднички настап против политиките на власта и Груевски.
Коалицијата „За демократска Македонија“, во првата рунда самостојно преговара со Црвенковски.
Мразот го скрши лидерот на ЛДП, Андреј Жерновскиа, а потоа Црвенковски имаше средба и Стојанче Ангелов од „Достоинство“ и со претставник на Обединети за Македонија, чиј претседател, Љубе Бошковски, издржува затворска казна.
Она што беше досега заедничко е дека сите имаат иста оценка за актуелната состојба во државата, сите велат, ќе ги надминат идеолошките разлики, ќе ги голтнат суетите, подготвени се за соработка бидејќи имаат единствена цел, да се смени, како што велат, оваа ненародна и штетна власт.
По средбат се предвидени изјави за медиумите.