Црвенковски: Груевски, нема поголемо понижување од твојот лажен патриотизам

Од:

„Лажниот патриот Никола Груевски, пак ќе не спасува, ќе го спасува нашето достоинство. Од кого Никола  сега ќе не спасуваш, од браќата по наместените тендери,од  своите министри, од своите коалициски партнери. Не можел да помине преку  положувањето цвеќе во Слупчане. А под нозе , Никола го изгази македонското достоинство кога ги амнестираше хашките случаи. Кога ги амнестираше оние кои ги резбареа грбовите на македонците, кои убиваа и пукаа“, со овие зборови, вечерва од митингот во Ресен, лидерот на СДСМ му се обрати на Груевски.

И како им врати,рече Црвенковски ,  со Закон за бранителите.

„Толку  толку ли ниско ги есапиш оние кои ја бранеа татковината , како паричка за поткусурување ли мислиш да ги употребиш? Помисли ли лажен патриоти Груевски, дека  пред 4 години кога  народот предложи ваков закон, ти им нареди на твоите да молчат, и да не го гласаат тогаш законот. Нема поголемо понижување и навреда за нашата национална гордост од твојот лажен патриотизам Никола Груевски.“, рече Црвенковски.

Во Македонија, рече, се води битка за опстанок, не од први  до први,  туку од денес  за утре, Македонија е држава со индустриско  произвоство  кое секој ден паѓа, со двојна зголема задолженост кон странство, хаос во образованието,  распад на здравството.

Македонија, посочи Црвенковски е земја на нездоволни и несреќни луѓе, незадоволни се лекарите, професорите, пазарџиите, дуќаниџиите.

„Господ да чува од бетер, рекол народот. Покрај оваа власт ни Господ не може да не дочува. На шверцерски начин, среде одмори  ја покачија струјата, парното и бензинот, ни најавуваатпокачување на цената на месото, млекото, лебот, зејтинот.Ќе треба зимница да се прави,  ќе треба  пари за огрев, а народот се прашува од каде и со што.

„Не третираат како неуки, и мислат дека можат бескрајно да не лажат. Колку е состојбата полоша тилку се лагите поголеми.Лицемерие и лажен патриотизам е кога велат да издржиме, додека не помине економската криза, додека Грција не се вразуми.Вака тие би сакале да издржат уште 100 години, како пијавици да ја цицаат државата, порача Црвенковски.

Ова, рече  не е наша судбина. Се може да е подобро. Ги повика граѓаните да се придружат во битката која рече е за сите, а место за пасивни и разочарани нема.

„Локалните избори ќе бидат референдум за оваа власт да си оди . Ако ги загубат ќе исчезнат и од власта и од нашите животи“, рече Бранко Црвенковски на митингот во Ресен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски