Црвенковски: Груевски, кога си ти премиер, а кога приватно лице?

Од:

 Бранко Црвенковски вечерва на митингот на опозицијата во Крушево рече дека СДСМ нема да се бори за власт, туку ќе биде алатка во рацете на народот за потребите на граѓаните. Тој кажа дека повеќе нема да има место за кариеристички и теснопартиски интереси и дека секој член на СДСМ треба да биде пример за сите други луѓе.

„Погледајте само кој циркус го направија овие денови со АРМ. Министри од Владата на Груевски се поклонија и положија цвеќе на гробовите на борците на ОНА. Не скришно, туку јавно пред целиот народ. Само заради зачувување на власта и ништо друго, големиот патриот Груевски се обиде да ни претстави дека тие тоа го напаравиле приватно и во нивното слободно време. Какво слободно време? Па, нели работите 24/7? И можеш ли да ни објасниш кога си ти премиер, а кога приватно лице? Лажните патриоти излегоа со соопштение дека никогаш нема да се поклонат пред гробовите на оние кои убивале Македонци. Пред гробовите не, а пред живите злосторници да? Заборавивте ли дека вие ги амнестиравте живите злосторници чии жртви беа македонски бранители“, рече Црвенковски на митингот во Крушево.
Тој кажа дека „Крушево беше и пак ќе биде бастион на СДСМ“.

„Во Крушево одиме на сигурна победа. И во цела Македонија одиме на сигурна победа! За нас и за нашите деца“, порача Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус