Црвенковски го одби предлогот на Иванов за експертска комисија

Од:

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски го одби предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за формирање непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември во и пред Собранието и за настаните кои претходеа.

– За жал, Вашиот предлог за формирање „експертска комисија“ за утврдување на фактите го оценуваме како уште еден обид да се одложи соочувањето на актуелната власт со сопствена одговорност, и затоа за нас е неприфатлив, се вели во писмото што лидерот на СДСМ му го упати на Иванов. Смета дека ниту на домашната ниту на меѓународната јавност не им се потребни, како што наведува, комисии за да се утврдат фактите бидејќи снимките го обиколија светот.

Црвенковски притоа наведува дека кај опозицијата постои искрена политичка волја заеднички да се утврдат и реализираат сите предуслови за одржување слободни и фер предвремени парламентарни избори, како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и враќање на демократијата во земјата.

Во писмото, меѓу другото, лидерот на опозицијата посочува дека по 24 декември земјата се наоѓа во длабока политичка криза. Притоа додава дека ниту еден политички одговорен субјект не смее да стане соучесник во сценарио што треба поинаку да ги прикаже настаните пред и за време на 24 декември или да се прикријат на одредено време.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, донесе одлука да поведе иницијатива за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, писмото со иницијативата е испратено до претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, до премиерот Никола Груевски и до претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Црвенковски не ги коментира шпекулациите дека ќе формира партија

Жарко Настоски

Заев: Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, не верувам во приказни дека прави нова партија

Кристијан Ландов

СДСМ му одговори на Црвенковски: Ставовите на премиерот се ставови на партијата

Катерина Ѓуровски

Црвенковски бара СДСМ да се огради од ставовите на Заев: Го замрзнувам моето членство до седница на Централниот одбор

Ана Ололовска

Црвенковски: Ако летово не добиеме датум за преговори, тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во рамки на ЕУ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Црвенковски и Фрчкоски сакале да го тргнат Глигоров од политиката, Андов открива детали во книгата „Пред атентатот и по него“

Наум Локоски