• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Црвенковски: Целата власт е во Груевски и тој треба да повика на одговорност

by А1он18/08/2012 - 19:58155
Share0

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски честитката до припадниците на АРМ ја испрати од Крушево, а своето отсуство од централнатапрослава на денот на Армијата која се одржуваше во Скопје го образложи со две причини.

Добивај вести на вибер

„Прво, затоа што сум тука во Крушево на веќе однапред закажани активности, а второ чекам премиерот Груевски, не мене, туку на целата македонска јавност да ни дефинира кога точно е Министерот за одбрана – Министер за одбрана, а кога приватно лице. Поканата за прославата ја добив од Фатмир Бесими, ама поради конфузијата што Премиерот ја создаде во јавноста дека во неработни денови Министерот е приватно лице, а денес е сабота, неработен ден, едноставно мислам дека додека тие работи не се расчистат голем дел од тие недоумици и конфузии ќе останат присутни во македонската јавност“, рече Црвенковски.

Според него, настанот во Слупчане, сам по себе е најголема потврда дека продолжува политиката на оваа владина коалиција со непринципиелноста, со политиката на двоен морал и лажен патриотизам.

„Дополнително она што загрижува се изјавите дадени и од страна на Премиерот и од страна на Претседателот на државата кои одеа од тоа да се релативизира целата работа, на некој начин да се прикаже како нешто небитно, до тоа да се повикува на директна одговорност. Како да забораваат дека целата власт во оваа држава е во нивни раце и ако некој треба да презема чекори и некого да повика на одговорност тоа се токму тие“, посочи Црвенковски.

Тој рече дека меѓуетничките односи и понатаму се злоупотребуваат од владината коалиција, како што биле настаните на скопското кале, но и амнестијата на хашките случаи.

„Не сум сигурен дека кога лошите работи се случуваат премиерот Груевски е отсутен. Мислам дека е обратно. Тогаш кога тој знае дека нешто лошо ќе се случи заминува од земјата, се обидува да ја избегне одговорноста, се обидува да избегне да и објасни на македонската јавност што се случило, зошто се случило и кој ќе ја сноси одговорноста за тоа. Тоа е дел од неговата политика, почнувајќи од тоа дека точно на седницата на Владата кога се расправало за Окта тој бил отсутен. Ама потоа тој го стави потписот на сите договори за продажба на Окта. Значи, мислам дека се работи за една негова лична карактеристика едноставно да бега од јавноста секогаш кога треба да објаснува непријатни работи“, рече Црвенковски.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он28/01/2026 - 17:3628/01/2026 - 17:47

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:40

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:07

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:0128/01/2026 - 11:07

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски27/01/2026 - 19:2427/01/2026 - 19:50

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 14:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен