Црвениот крст ангажиран за помош на мигрантите

Од:

Црвениот крст на Рeпублика Македонија во период од 13 до 21 септември до мигрантите дистрибуирал 20.637шишиња од по 1,5 литар вода за пиење, 843 пакети со прехрамбени продукти, 205 пакети со хигиенски средства, 230 пакети за бебиња, 468 парчиња пелени за бебиња, 660 ќебиња, 328 пакети со бисквити, две инвалидски колички, ана 5.580 лица им укажал прва помош.

– Црвениот крст на терен е вклучен 24 часа со девет мобилни тима кои ги обезбедуваат двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце. Тимовите се составени од лекари и прамедикуси и членови на Црвениот крст кои одлично ја познаваат првата помош и волонтери кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица. Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 41, а во целата операција се вклучени и 30 вработени од Црвен крст, соопшти денеска Црвениот крст на Република Македонија.

Во соопштението се посочува дека Црвениот крст во соработка со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и други партнери и подржувачи активно е вклучен во поддршката на мигрантите  кои транзитираат низ нашата земја.

Би можело да ве интересира

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка

Нема да доѓаат мигранти од Велика Британија во земјава уверува Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти