Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Од:

Во Малатија, еден од неколку турски градови кои беа најпогодени од земјотресот во февруари годинава, ќе се гради училиште кое ќе го носи името на нашата држава, а ќе се гради со поголемиот дел од средствата кои македонските граѓани ги донираа во хуманитарна акција за помош на настраданите во Турција и Сириј.

Црвениот крст на Македонија информира дека 32 училници во истото училиште ќе бидат именувани по македонските градови.

Турција и Сирија на 6 февруари годинава беа погодени од катастрофален земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе, а илјадници други беа повредени и оставени без покрив над главата.

Би можело да ве интересира

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО