Црвен крст спроведува проекти за подобри сервиси и нега за стари лица

Од:

Овозможување подобри социјални сервиси и медицинска нега во домашни услови за лицата во трето доба кои се социјално и здравствено загрозени имаат за цел проектите што во ги спроведува Црвениот Крст на Град Скопје, промовирани денеска во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на стари лица 1 Октомври.

– На територијата на град Скопје функционираат четири дневни центри за стари лица, кои заедно со младите волонтери на Црвениот крст реализираат проекти со цел да се обезбедат подобри социјални сервиси за луѓето од трето доба на кои им е потребна таква нега им се потребни такви услуги. Исто така, имаме медицински тимови кои на дневна основа посетуваат 180 стари лица во нивните домови во Скопје. Наша цел е бројката да биде поголема се со цел да влеземе во сите домови во кои лицата од трето доба имаат потреба од медицинска и социјална грижа, рече секретарот на Црвениот крст на град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

Информира и дека Црвениот крст на територијата на Скопје реализира нов проект за обука на 40 жени кои се долгорочно невработени да завршат обука за негувателки или герантодомаќинки. Тие веќе од наредната година ќе бидат во базата на податоци на Црвениот крст на град Скопје се со цел да даваат дополнителна социјална и медицинска нега во домашни услови.

Финансиска поддршка од по 10 илјади ева за реализација на проектот во чии рамки се посетуваат 180 стари лица во нивните Скопје, и за функционирањето на дневните центри во градот дале и Шпаркасе банка Македонија и Aмбасадатата на Словачка во Македонија.

Дел од вработените во банката и лично се вклучиле на волонтерска основа да помогнат во реализацијата на овој проект.

За подобрување на ваквиот вид услуги за лицата од трето доба, Црвениот крст на град Скопје ќе ги користи и искуствата на Црвениот крст од Нирнберг, чии претставници задолжени за оваа сфера во моментов се во Македонија.

Светскиот ден на старите лица ќе биде одбележан и со низа други активности како организирање Чи Конг семинар и ликовна колонија за активни стари лица, заедничка средба на службите за социјална заштита на град Скопје и град Нинберг, размена на искуства за домашни посети на стари лица, како и средба на тимовите на австрискиот и црвените крстови на град Скопје и на Нинберг за унапредување на сервисите за стари лица.

Црвен крст на град Скопје осма година по ред го имплементира социјалниот сервис преку кој се посетуваат 180 стари лица во домашни услови на подрачјето на општините Центар, Кисела Вода, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Шуто Оризари, Бутел и Сарај, а за активните стари лица функционираат три дневни центри за стари лица.

Овие услуги се даваат од страна на пет медицински сестри, 12 волонтери, четири лица одговорни во дневни центри за стари лица и координатор.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски