Црната листа го разбуди Судски совет: Ќе проверува дали Мерко се мешал во судот во Струга

Од:

Судски совет ќе ги проверува наводите за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој вчера беше ставен на црната листа за влез во САД заедно со своето семејство, а одлуката ја соопштија Стејт Департментот и американската амбасадорка Анџела Агелер.

Комисијата на Судски совет ќе влезе на лице место во Основниот суд во Струга за да направи проверка на наводите од САД кои се сомневаат дека Мерко се мешал во судски постапки.

-Судскиот совет ќе ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка и ќе формира комисија, која заедно со координаторот за овој суд од редот на членовите, ќе направи посета на овој Суд, за да може на лице место да направи контрола, вели портпаролката на Судски совет, Гордана Дувњак.

Во текот на 2022 и 2023 година имало 15 претставки од граѓани на Струга за работата на Струшкиот суд, како и две постапки на Судски совет за судии оттаму, но не биле во поврзани со градоначалникот Мерко.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска претходно изјави дека ставањето на градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД, потврдува дека на нашиот истражен и правосуден систем му треба генерален ремонт.

– Треба да се запрашаат нашите судски органи како САД дошле до тие податоци, а се наоѓаат на илјадници километри оттука, а тие не дошле до податоците.

Ова само покажува дека потребни се промени и генерален ремонт во праводускиот систем затоа што сакамае да живееме во европска држава. Во однос на правните и етичките аспекти градоначалникот Мерко ќе треба да одговори затоа што ова се сериозни обвинувања – рече Ковачевски од Виница.

Вицепремиерката за борба против корупцијата и добро владеење, Славица Грковска, пак, напиша дека пораките од меѓународните сојузници мора да бидат разбрани од домашните правосудни органи.

-Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда, порача вицепремиерката Грковска на Фејсбук.

Американската амбасадорка Агелер најави и нови имиња на црната листа за влез во САД, но не откри за кои функционери се работи.

Би можело да ве интересира

Агелер со честитка до Сиљановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија

Орце Костов

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Одложено рочиштето против Мерко за набавката на аудито од 67 илјади евра

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Обвинение против Мерко, неправилно поставил директор на училиште

Катерина Ѓуровски