Црна Гора следна во ЕУ, каде е Македонија?

Од:

 

„Црна Гора по Хрватска ќе биде следна членка на Европската унија“, изјави претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј .

Претседателот на ЕУ нагласи дека брзото добивање на статус кандидат за членство и отварањето на преговорите за членство се доказ дека ЕУ е отворена за пристапување на Црна Гора и подготвена да ги цени индивидуалните достигнувања на секоја држава во постигнувањето на европските стандарди.

Изјавата на Ромпуј сепак беше  дополнета од портпаролот на Штефан Филе.

„Не сакам да го коментирам тоа што го кажал претседателот на Европскиот совет. Она што е дефинитивно е дека Хрватска идната година ќе стане 28 земја-членка на ЕУ. Точно е дека пред неколку недели почнавме преговори за членство и со Црна Гора, но има и неколку други земји-кандидати. Сите ќе напредуваат и ќе стануваат членки на Унијата според брзината, заслугите и напорите во исполнувањето на критериумите“, изјави портпаролот Петер Стано.

„ Македонија досега доби три позитивни препораки од ЕК во последните три години, што значи дека ги исполнува сите критериуми да започне преговори да стане дел од ЕУ. Сепак, препораките треба да бидат одобрени едногласно од страна на земјите-членки на Унијата. Па, кога ќе има такво нешто, тогаш и вашата земја ќе може да премине во втората фаза“, рече  Стано.

Минатата недела во Брисел македонскиот претседател Ѓорге Иванов токму од Ван Ромпуј побара, на декемврискиот состанок на највисокото европско тело со кое претседава, да се заложи Македонија по долгогодишно чекање конечно да добие датум за преговори за членство.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

(ВИДЕО) Полицијата ја опколи зградата каде што живее братот на Мило Ѓукановиќ

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски