Црна Гора не сака да биде дел од „малиот Шенген“

Од:

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, рече дека приклучувањето кон иницијативата „мaл Шенген“ за балканските држави предложени од Албанија, Северна Македонија и Србија ќе биде губење на енергија затоа што нејзината земја веќе „ги отвори своите граници“ и ги укина трговските бариери на соседите.

Таа рече дека Црна Гора е членка на ЦЕФТА, Централноевропскиот договор за слободна трговија, регионална иницијатива за земјите од Западен Балкан, која гарантира слободен проток на луѓе и на стоки.

„Ги разбирам иницијаторите. Овие се земји кои, заради различните трговски бариери што си ги поставија едни на други, можеби ќе им треба нова иницијатива за повторно да ветат дека ќе го сторат тоа што ние одамна го сторивме“, рече Секулиќ пред црногорскиот јавен сервис.

На самитот во Охрид во Северна Македонија на 10 ноември, албанскиот премиер Еди Рама, премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ се обврзаа да работат заедно за укинување на бариерите за движење на стоки и луѓе меѓу трите балкански земји.

Тие, исто така, ги поканија и другите балкански земји да се приклучат на иницијативата.

По средбата Заев рече дека зоната „мал Шенген“ ќе помогне во зајакнувањето на економскиот раст и странските инвестиции.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Црна Гора: Си го уби братот и внукот, убиецот е уапсен

Горан Наумовски

Акција на црногорската полиција, претреси во објекти на Звицер, водачот на Кавачкиот клан

Горан Наумовски

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Поради пожар во Њивице во близина на Херцег Нови, туристите се евакуираат од хотелот со бродови

Србинка е уапсена во Црна Гора – возеше 202 км на час

А1он

Македонски државјанин „падна“ во Црна Гора, осомничен е за перење пари